Охрид добива „Виа ферата“ за туристичка намена во Национален парк Галичица

Започнати се активностите за поставување на првата „Виа ферата“ за туристичка намена во Национален парк Галичица. Станува збор за безбедна патека за алпиниститчкото искачување на карпа со помагала. Антонио Додевски од Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ вели дека очекувањата се некаде до јуни месец следната година да биде комплетирана фератата. Периодот на зимските месеци ќе се стагнира, па ќе се продолжи кога ќе се создадат погодни временски услови.



Ова е комплетно нов производ во туристичката понуда на Охрид. Атрактивна нова содржина во Националниот парк која се надеваме ќе привлече внимание кај нови туристи, но секако ќе значи и нова содржина за сите оние кои веќе го посетуваат регионот. Се надеваме дека оваа нова содржина ќе го отвори патот за збогатување на туристичката понуда и со други содржини. Луѓето кои ќе сакаат да уживаат во оваа нова содржина нема да има потреба да носат со себе јажиња и дополнителна сигурносна опрема, освен лична опрема, појас, кацига и виа ферата сет. Покрај безбедносната опрема, дополнително патеката е опремена и со опрема за напредување односно скалички на одредени позиции. Во спротивно би било тешко луѓето да ја качуваат истата. На ваков начин се овозможува било кој да може да ги качува карпите, вели Додевски.

Додава дека подготвителните активности од добивање на дозвола до започнување со теренска изведба траеле година дена при што се добиени потребните согласности од сите засегнати институции.



Претходно беше направен елаборат поднесен до Националниот парк Галичица со барање за согласност за изведба на истата, иако уште во самата фаза на планирање Националниот парк беше информиран и вклучен. Беше потребно и мислење и согласнот од Министерство за животна средина. По година дена ја добивме и согласноста од Министерството, по што добивме согласнот и од Националниот парк Галичица и започнавме со теренски активности, вели Додевски.

Минатата година ваквата патека е завршена во Вевчани, а моментално во фаза на изработка е фератата и во Маврово, вели Додевски потенцирајќи дека светскиот тренд полека доаѓа и кај нас и почнува и на ова поле да се отвора понуда за туризам. Инаку, фератата ја изработува Алпинистичкиот клуб „Патагонија“ Охрид со финансиска поддршка од ПОНТ.


Primjedbe

Popularni postovi s ovog bloga

Završeni 7. Dani zime na Kozari

НП Копаоник - ПОЗИВ ЗА УЧЕШЋЕ У АКЦИЈИ „Очистимо Копаоник“

УНДП со најдобри експерти ќе го подобрува управувањето со заштитените подрачја во Македонија