Ј.У.Н.П. “Маврово” ќе го одбележи 26-ти септември -светскиот ден на чистите планини со организација на планинарска тура до туристичкиот комплекс “Горна Ледина”

 Под познатото еколошко мото “Во планината остави ги само своите стапки, а од неа понеси го мирот и спокојството” a по повод 26-ти септември -светскиот ден на чистите планини, менаџментот на Ј.У.Н.П. “Маврово” ги повикува сите граѓани на една организирана планинарска тура и посета на туристичкиот комплекс “Горна Ледина.



Многубројни еколошки организации и институции од областа на заштита на природата  го одбележуваат овој ден повеќе од 20 години, а оваа година истиот преку оваа планинарска активност ќе го одбележи и националниот парк “Маврово”.

Светскиот ден на чистите планини има за цел да укаже на значењето на планините за квалитетот на животот, да се истакнат можностите и ограничувањата за нивно зачувување и да се создадат партнерства кои ќе придонесат за позитивни промени.

Овој значаен ден ќе биде одбележан со планинарење до самата локација и дружење во новоизградениот туристички комплекс при што директорот на националниот парк Самир Ајдини покрај другото ќе ги презентира плановите за развој на нови туристички производи на територија на паркот.

Тргнувањето е во 10ч. од месноста “Стапаров мост” т.е раскрсницата помеѓу с.Велебрдо и с. Битуше.

Primjedbe

Popularni postovi s ovog bloga

Završeni 7. Dani zime na Kozari

НП Копаоник - ПОЗИВ ЗА УЧЕШЋЕ У АКЦИЈИ „Очистимо Копаоник“

УНДП со најдобри експерти ќе го подобрува управувањето со заштитените подрачја во Македонија